Е-Трговија Македонија

петок, 24, ноември 2006

VeriSign извештај за електронски криминал

Доколку ме држи меморијата како што треба, некаде при крајот на 2004 година или почетокот на 2005, USAID Македонија и неколку други организации од кај нас побараа од VeriSign да направи истражување на состојбите на електронскиот криминал во нашата држава.

Официјалниот извештај, беше испратен Септември 2005 година, а кај нас објавен некаде Април 2006 (непроверена информација). Во продолжение на овој текст можете да го симнете извештајот во вид на два документи во Adobe Acrobat формат.

Првиот документ е извештај и акционен план, додека другиот е излагањето на Ryan Kalember - регионален технички менаџер за Европа, Среден исток и Африка а по повод извештајот на VeriSign.

Резерватот наш

Кратко и јасно - јас сакам да продавам добра на интернет.
За жал, не можам. Причини? Многу. Еве некои од нив (Ноември 2006):
  • Кај нас сеуште нема активен payment processor
  • Според мене законската регулатива од оваа област сеуште не е докомплетирана, а тоа што е - не е имплементирано
  • На дел од банките во Македонија им е сеуште страв да дозволат кредитните картички кои ги издаваат да се користат за купопродажба преку интернет
  • PayPal и Google Checkout сеуште не работат со Македонија
  • Останатите глобални payment processor-и немаат начин како да ги префрлат парите на банкарска сметка во Македонија или пак начините што ги нудат се сложени, земаат премногу време, а провизијата од друга страна е премногу голема
Значи, на кратко - тоа се генералните проблеми. Но не се единствените. Не може никако да ме заобиколи чувството дека граѓаните на Р. Македонија развиле некој индиферентен став кон целата ситуација. Не дека не сакаат да продаваат на интернет, туку, едноставно се помириле со фактот дека не можат. Единствениот блог кој што јас лично сум го сретнал, а се бави со проблематика слична на оваа (е-бизнис) е блогот на Мијалче. Кликни тука за него. Но, темите кои таму се опфатени се повеќе генерални и опфаќаат далеку по широка проблематика. А широчината - нуди повеќе, хм... филозофски пристап кон проблемот, отколку нудење на конкретни решенија за конкретни проблеми. Затоа целта на Е-Трговија Македонија е да ги идентификува проблемите и да понуди можни решенија. Едноставно, не можам да се помирам со ситуацијата дека не постојат барем неколку начини да се приклучиме на големата листа на држави кои успешно работат на продажба на производи и услуги на интернет.

Поради тоа, ги повикувам сите кои имаат интерес за оваа тематика и кои на еден или друг начин имале искуство со нашите банки, платежните процесори, трансферот на пари, технологиите и слични теми - да ми се приклучат во изградбата на еден ваков централизиран регистар на податоци за кој сум сигурен дека ќе биде од корист на сите нас.
Секое мислење е битно и сечија идеја може да биде полезна!